Религија

Во Богомила има две цркви, повеќе манастири и свети води. Првата е Горна црква. За нејзината изградба нема точни податоци. Се смета дека таа потекнува од XIII век. Меѓутоа од првичната градба сочуван е само олтарниот дел и неговиот фреско – живопис. Подоцна, во продолжение на остатоците од старата градба изградена е трпезарија. Црквата е посветена на Св. Илија Чудотворец и својот патрон го слави секоја година на 2 август. Втората, Долна црква, изградена е во 1837 година и посветена е на Св. Атанасиј. Својот патрон го слави на 31 јануари по нов стил. Црквата е целосно реновирана. Трпезаријата се наоѓа во истата градба, додека кршталната и канцелариите за потребите на црквата веднаш до неа во друга. Во оваа црква секоја недела и секој празник се служи богослужба на која присуствуваат голем број верници.

Покрај овие две цркви, во Богомила се наоѓа и манастирот Св. Спас кој особено е значаен како туристички објект. Се наоѓа на надморска височина од 550 метри во одличен горски амбиент. Изграден е во 1996 година. Покарај манастирот изградени се и конаци. Во конаците има 4 соби со по три кревети, кујна со трпезарија и купатило со WC. Цената за престој во манастирот е симболична. Во близината на Богомила се наоѓа и манастирот Св. Ѓорѓија. На надморска височина е од околу 800 метри и е обиколен со висока букова шума. Веднаш под манастирот има поток кој ја надополнува идиличната слика.

Образование

Во 1868 година по иницијатива на поп Илија Поп Арсов, во Богомила е отворено првото училиште на македонски народен говор. Денес, во однос на минатото, писменоста во Богомила како многу важен фактор за културниот развиток на населението во голема мера е подобрена. Во Богомила се наоѓа центалното основно училиште Петар Поп Арсов во чии рамки работи градинка, комбинирана настава од прво до четврто и одделенска настава од петто до осмо одделение. Зградата во која е сместено училиштето е изградена во 1936 и последен пат реновирана во 1998 година. Училиштето има сопствена менза, во која учениците добиваат топол оброк и сопствено парно греење. Градинката е отворена учебната 2002/03 година. Неа ја посетуваат петнаесетина деца од претшколска возраст.

За разлика од шеесетите години кога ова училиште броеше повеќе од 900 ученици кои наставата ја посетуваа во две смени, денес, како последица на миграцијата, нивниот број е значително намален и изнесува 90. Покрај училиштето во Богомила, ЦОУ “Петар Поп Арсов” ги опфаќа и подрачните училишта од с. Теово, Согле и Ореше. Во овие училишта се изведува настава до четврто одделение. Потоа учениците наставата ја посетуваат во Богомила. За оние ученици кои патуваат се обезбедува организиран превоз, а за останатите во рамките на училиштето во Богомила има интернат.

Здравство

Во Средниот век, во Богомила, како и во цела Македонија за здравјето на населението се грижеле Богомилите. Здравјето, според нив, претставувало најголемо богатство. Тие, посебно внимание посветувале на хигиената, водата и воздухот како постулати на доброто здравје. Како пример, интересно е да се спомене и тоа што тие секаде со себе го носеле својот прибор за јадење. Богомилите биле познати лекари. Во рамките на нивните братства основале и богомилски болници во кои работеле лекари наречени врачеви и тоа од двата пола. Еден од најпознатите и најпочитувани лекари во овој период на овој терен бил Василиј, во исто време и водач на Богомилите. Рано го напуштил монашкиот живот за да се посвети на лекарскиот позив. За разлика од тогаш, денес во Богомила работи подрачната амбуланта која функционира во рамките на Медицинскиот Центар – Велес. Таа се грижи за секојдневните здравствени проблеми на граѓаните. Во нејзини рамки работат: ординација на општ лекар, стоматолошка ординација, аптека и брза помош. Во 50 те години на минатиот век во Богомила требаше да се изгради болница против заразни болести. Од непознати причини, истата се пренамени и денес се наоѓа во село Извор – Јесеново на оддалеченост од околу 20км.

Економија

Во селото Богомила мештаните, кои повеќето се постари лица, се занимаваат со земјоделство, но само за своите потреби (грав, пченка, компири). Во неколку куќи може да се забележат низи со тутун како се суши, но сето тоа е во мали размери.

Од пролет до есен селаните и други гости во селото берат шумски плодови, лековити растенија и печурки што од овој чист еколошки регион се и тоа како барани, па така го дополнуваат својот буџет. Бидејќи селото е опкружено со пространи ливади и шумски предели има услови за одгледување на пчели кои собираат чист планински и ливадски мед. Па така во секоја трета куќа се забележува и по некоја кошница со пчели.

Позначителни економски текови во селото нема со исклучок на неколкуте прехрамбени продавници.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s